Албанија ќе побара од Европската Унија дали може да ја продолжи кандидатурата за членство одвоено од нејзиниот сосед Македонија, која продолжува да се соочува со бугарско вето, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама.

– Албанија не може повеќе да чека додека двајцата соседи не ја решат својата кавга, Албанија има добри односи со двете држави. Нашиот политички курс по ова прашање целосно ќе се промени. – изјави Еди Рама.

Албанскиот премиер говорејќи во Тирана, рече дека не е оптимист дека Бугарија наскоро ќе го укине ветото за Скопје. Пред два дена претседателот на Албанија Илир Мета беше во официјална посета на Бугарија од каде негвиот колега Радев го сипрати со силна поддршка Албанија да ги почне преговорите со ЕУ.

Од друга страна пак Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Софија порача дека е време Македонија и Албанија да ги почнат преговорите со ЕУ. И дека ЕУ мора да го о„одржи ветувањето во овие тешки времиња“.