Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, оцени дека неговата екипа заслужено синоќа триумфираше на „Олд Трафорд“ над Тотенхем во премиерлигашкото дерби, истакнувајќи ја притоа одличната игра на португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо.

– Покажавме реакција каква што требаше да покажеме по лошото второ полувреме на „Етихад“ Екипата ја заслужи победата. Ова веројатно беше нашиот најдобар фудбал имајќи го предвид квалитетот на противникот, изјави германскиот стратег.

Јунајтед го совлада Тотенхем со 3-2, со хет-трик на Роналдо, кој со тоа стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот.

– Тоа беше негов најдобар настап, барем откако сум јас во клубот. Беше добар на тренингот во четвртокот и затоа одлучив да го почне натпреварот од првата минута. Беше фантастичен, заедно со целата екипа, изјави Рангник.