Пилотот на Вилијамс Џорџ Расел ќе загуби пет позиции на стартната мрежа за Големата награда на Мексико, објави новинарот на Би-би-си, Ендрју Бенсон, повикувајќи се на официјалниот извештај на техничката делегација на Формула 1.

Британецот доби казна поради замена на менувачот по вториот слободен тренинг.

Големата награда на Мексико се одржува викендов. Главната трка е закажана за утревечер од 20 часот.

Денес на програмата се третиот слободен тренинг и квалификациите за стартните позиции