Албанските опозициски демократи денеска одржуваат одделени активности, едната свикана од актуелниот лидер Љуљзим Баша, другата од историскиот лидер Сали Бериша, што е уште една потврда за длабокиот раскол во партијата.

Додека во Конгресната палата во Тирана, на седница на Националното собрание треба да бидат делегатите и поддржувачи на Баша, во сите општински организации на партијата во тек е референдум на кој се гласа за одлуката за разрешување на Баша, што беше донесена минатата сабота на седница на Националниот совет, свикана од Бериша.

Мотото на референдумот е „Обнова на Демократската партија и спас на Албанија“. Гласачките кутии се отворени во 8:00 часот, процесот гласање минува без проблеми со голема излезност според изборната комисија. До 17:00 часот, кога ќе бидат затворени кутиите, а правото на глас треба да го искористат 75 илјади демократи.

Баша, не признава никаква одлука донесена на „нелегитмно Национално собрание“ и во пораката до членството, што вчера ја упати лидерот, стои дека „ ја избираат иднината и оти партијата има историска одговорност да биде обединета против режимот на премиерот Еди Рама“.

-Учеството на секој од нас е јасна порака дека интересот на демократите и на ПД, нивната жртва е над сечиј личен интерес. Ја бираме иднината, за ПД, за Албанија, стои во пораката на Баша.

Политичката битка меѓу историскиот и актуелниот лидер почна кога, Баша го исклучи Бериша од пратеничката група, по барање на американската амбасадорка во Тирана, откако американскиот Стејт департмент го прогласи „нон грата“.