Министерството за здравство информира дека е распишан конкурс за избор на идеен проект за нова Градска болница на локација во општина Аеродром.
Како што соопштија од Министерството, конкурсот ќе се спроведува преку електронскиот систем за јавни набавки, каде што се објавени целите на проектот и критериумите за избор.
„Со цел да се обезбеди болничка заштита во дефинирана мрежа на општи и специјализирани болници и соодветно да одговори на потребите на жителите на градот Скопје и пошироко, Министерството за здравство смета дека е потребно да се подигнат капацитетите на ‘градски болници’ и на тој начин да се намали притисокот врз терциерното здравство во постојниот клинички центар“, се наведува во соопштението.
Од министерството додаваат дека новата Градска болница треба да понуди подобар пристап на населението до потребните здравствени услуги, подобрување на квалитетот и сигурноста на пружените болнички услуги.
„Новата Градска болница треба да имплементира еден нов модел за пружање на амбулантска здравствена заштита и дневна хирургија со неинванзивни постапки, со цел намалување на просечната должина на болнички престој“, стои во соопштението во кое се наведени и условите за конкурсот