По вчерашниот скок на бројот на новозаразени од Ковид-19, вчера скокна и бројот на казнети за неносење маска.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 927 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.