Без електрична енергија утре од 6:30 до 7:30 часот ќе останат корисниците од улицата „Благоја Стефковски“, објектите во близина на КАМ маркет во општина Гази Баба.  Од 9:30 до 10:30 часот, пак, без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Благоја Стефковски“ и објектите во близина на коњичкиот клуб „Хиподром“.

Во периодот од 8:00 до 15:00 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улицата „166“ во населба Крњево, а од 8:30 до 13:00 часот дел од корисниците од улицата „Иван Козаров“, броевите 45 и 47 и околните објекти во општина Кисела Вода.

Без струја утре од 9:00 до 12:00 часот ќе останат корисниците од улицата „Марко Орешковиќ“, а од 9:00 до 14:00 часот корисниците од населбата Козле, подулица со бр.2.

Во периодот од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од населба Стопански Двор, во близина на „Галафарм“, а од 9:00 до 14:30 часот корисниците од село Цветово.

Како што соопшти денеска РЦУК- Скопје, прекините се поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.