Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без струја ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Аеродром и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Од 9:30 до 12:30 часот без струја ќе останат корисниците од бул.„Борис Трајковски“ б.б. објект на ГРАНД ЕКСПОРТ и ДЕОН АС во кругот на поранешна стаклара и другите објекти во непосредна близина во општина Кисела Вода.

Во периодот од 8:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат ул. „Сава Динкова“ во населба Драчево во општина Кисела Вода, од 9:00 до 14:00 часот дел од улицата со број 1 во село Љубин, во општина Кисела Сарај, од 8:30 до 15:00 часот ул.„Тодор Чангов“ во општина Аеродром, а од 9:00 до 14:00 часот дел од улицата „Ѓорче Петров“ во општина Ѓорче Петров.