По најавата на САД за излегување од Договорот за уништување и забрана на производство на проектили со кус и среден дострел (ИНФ) следуваа лавина реакции, а меѓу нив, Германија го осуди потегот на Вашингтон, а Велика Британија го поддржа.
Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас изјави денеска дека САД би требало да размислат за последиците од нивното повлекување од меѓународниот договори за нуклеарно оружје од среден дострел, како за Европа, така и за последиците по идните напори за разоружување.
– Тој договор … 30 години беше важен столб на нашата европска безбедносна архитектура”, се наведува во соопштението лиферувано од Кабинетот на Мас.
Германскиот министер рече дека официјален Белрин честопати ја повикувал Русија да одговори на сериозните обвинувања дека го крши договорот.
– Сега ги повикуваме САД да ги разгледаат можните последици, рече шефот на германската дипломатија.
Од друга страна, британскиот министер за одбрана Гавин Вилијамсон изјави денеска дека Велика Британија е „апсолутно одлучно” со Соединетите држави во одлуката на претседателот Доналд Трамп за повлекување од ИНФ.
Вилијамсон ја обвини Русија за загрозување на Договорот за контрола на оружјето, кој САД и Советскиот Сојуз го постигнаа во 1987 година, и го повикаа Кремљ да „воведе ред во својот дом“.
Вилијамсон, во изјава за „Фајненшл тајмс” изјави дека Москва се „исмејува” со Договорот, со кој се предвидува забрана за производство, тестирање и распоредување на нуклеарни и конвенционални ракети со дострел од 500 до 5.500 километри што се лансираат од земја.