Иднината на Герет Бејл не е во Реал Мадрид, сигурни се шпанските медиуми.

Интернет изданието на „Марка“ вчера пишува дека велшкиот репрезентативец ќе оди во Кина за плата од околу 24 милиони евра годишно.

Денес, каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ на првата страница објави за веројатноста Британецот да биде вклучен во договорот со Нејмар.

Според изданието, од „Сантијаго Бернабеу“ се подготвени да понудат 90 милиони евра и Бејл да се здобијат со бразилската ѕвезда на Пари Сен Жермен.

Иднината на Неј Џуниор сепак продолжува да „виси во воздух“.