Раководството на Реал Мадрид планира да го продолжи договорот со дефанзивецот и капитен на тимот, Серхио Рамос.

Како што објави „Кадена СЕР“ управата на „кралскиот клуб“ има намера на 34-годишниот Рамос да му понуди договор до летото 2023 година. Првично, Реал сакаше да преговара за едногодишно продолжување, но сегашната форма на Шпанецот го убеди клубот да даде друга понуда.

Во исто време, нема да се зголеми платата на Рамос. Страните се очекува да постигнат договор до крајот на оваа година.

Актуелниот договор на фудбалерот со мадридскиот клуб важи до 30 јуни 2021 година. з