Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос може да се врати во составот за осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Аталанта.
Според шпанскиот весник „Марка“, фудбалерот е при крај со закрепнувањето од повредата.
Триесет и четиригодишниот Рамос игра во Реал Мадрид од 2005 година. Оваа сезона тој постигна три гола и една асистенција на 18 натпревари. Претходно беше објавено дека фудбалерот може да ја продолжи кариерата во ПСЖ.
Реваншот на Реал против италијанскиот тим ќе се одржи на 16 март во Мадрид. На првиот меч одигран во Бергамо, шпанскиот тим победи со 1:0.