Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ги сумираше впечатоците од синоќешниот натпревар од 25. коло на Шпанскиот фудбалски шампионат против Реал Сосиедад (1:1).

– Одигравме добар натпревар. Можеби почетокот не беше најдобар, но имавме шанси, особено во првото полувреме. Изгубивме два бода – игравме дома, но не можам да кажам дека сум незадоволен. Во текот на мечот ја сменив формацијата. Промените влијаеја на играта на најдобар начин. Имавме добар натпревар со 3-4 шанси за гол. Тимот создава шанси, треба да продолжиме во истиот дух, изјави Зидан за „Марка“.

По овој натпревар Реал Мадрид има 53 бода и е трет на табелата. Пред него се Барселона со 53 бода и Атлетико Мадрид со 58 и натпревар помалку.

Реал Сосиедад со 42 бода е петти на табелата во Ла Лига.