Невработеноста во Грција во април годинава изнесувала 20,2 проценти, објави денес грчката статистичка агенција Елстат.

Податоците, кои се објавуваат сезонски, покажуваат дека бројот на невработени лица изнесува 949.725 луѓе, од кои најголемиот дел се млади на возраст до 24 години. Исто така, статистиката покажува дека најголем процент на невработени има кај жените – 24,7 проценти, наспроти 16,5 кај мажите.

Што се однесува до младата популација на возраст од 15-24 години, невработеноста изнесува 42,3 проценти, и е намалена за два проценти во однос на јуни 2017 година.

Највисока невработеност е регистрирана во Грција во септември 2013 кога таа изнесувала 27,9 проценти.

Инаку во рамки на еврозоната невработеноста падна на 8,4 проценти, објави Еуростат.