Цената на нафтата на светската берза доживеа најголем пад во последниве две години, откако Либија соопшти дека ќе ги зголеми испораките, а инвеститорите стравуваат дека трговските тензии че ја смалат побарувачката за овој енергент.
Цената на барел нафта од типот брент падна за 6,9 отсто и изнесува 73,4 долари, а барелот сурова нафта во САД поевтини за 5 проценти и сега чини 70,38 долари.
Поевтинувањето дојде по повеќемесечниот раст на цената до ниво кое беше најголемо во последните неколку години.
Цената на овој енергент стана нестабила откако САД пред неколку седмици најавија дека повторно ќе воведат санкции спрема Иран, пренесе ББС.
Економистите стравуваат дека растечкиот трговски спор помеѓу САД и Кина ќе и нанесе штети на глобалната економија и дека ќе ја урне побарувачката на нафта.