Претседател на партијата Народно движење и пратеник во Собранието, Скендер Реџепи Зејди, ќе го поддржи Талат Џафери за премиер.

Тој вели дека Џафери имал пропусти во текот на неговата работа, но дека бил меѓу најуспешните собраниски спикери што досега ги имало Собранието на Македонија

– Дали претседателот на Собранието имаше некакви пропусти во текот на неговиот 4-годишен мандат? Секако дека имаше, бидејќи јас бев тој што гласно му укажуваше на пропустите. Но, ако ги споредиме сите претседатели на собранијата до денес, излегува дека Џафери има најмалку пропусти и е најуспешен, вели Скендер Реџепи Зејди.

Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да гласаат за Џафери за премиер, според Зејди се само дневни политики и дека на крајот сѐ ќе заврши онака како што е пропишано со закон.

Зејди, меѓу другото рече дека се сретнал со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, но и со Изет Меџити од ЕСП.

На чија страна ќе застане Народното движење на изборите, Зејди порача дека за тоа ќе одлучи Собранието на партијата. Се чини дека неговите ставови се поблиски до ДУИ. Рече дека со Изет Меџити е во коректни односи, но сепак, како што додава, не може да ги отвора старите рани со Беса и Алтернатива.