Граѓаните на Швајцарија на денешниот референдум го поддржаа предлогот на екстреманата десница во земјата за забрана за носење никаб и бурка, што ги носат одредени муслиманки во земјата.
Забраната ќе се однесува на покривање на лицето на јавни места, како што се рестораните, спортските објекти, јавниот превоз или при одење.
Исклучок може да биде носењето никаб и бурка во верските објекти или од безбедносни и здравствени причини, како што се носење маски за заштита од коронавирусот, јавија британските медиуми.
Швајцарската Влада се спротивстави на мерката затоа што сметаше дека покривањето на лицето е „маргинално“ социјално прашање и предупреди дека туризмот ќе биде загрозен бидејќи повеќето жени кои туристички доаѓаат во Швајцарија доаѓаат од богатите арапски земји, во кои жените го покриваат лицето.
Предлагачите на законот тврдат дека носењето шамија на лицето ја симболизира репресијата врз жените и дека се неопходни мерки за да се одржи принципот на покажување на лицето во слободно општество, какво што е Швајцарија.