Реформаторите на СДС од иницијативата 12.05 признаа дека претходните влади на нивната партија беа „политичари пазарџии кои и објавија војна на правдата во Македонија“. Во денешното соопштение тие „удрија“ по функционерите кои во оваа СДС констелација од министри во критичниот период 2017-та – 2024-та станаа пратеници, за заштита од кривичните дела преку зименетиот Кривичен законик засилен со прсатеничката функција.

„Нема никаква дилема, дека со скандалозните измени на Кривичниот законик од 2023-та дел од политичарите-пазарџии објавија војна на правдата во Македонија. Заради иднината на државата сметаме дека е дојдено крајно време од декларативни заложби да се премине на дела. Тоа и’ го должиме на актуелната младина и на генерациите кои доаѓаат. Корумпираните политичари без разлика на етничката, верската и партиската припадност мора да одговараат и покрај скандалозните измени на Кривичниот законик во 2023 година.

Со скандалозните измени на Кривичниот законик се намалија затворските казни за злоупотреба на службената положба што отвори можност за брзо застарување на кривичните дела сторени со политичка корупција, се избришаа одредби кои предвидуваа казни за злоупотреба на јавни набавки и оштетувања на државниот Буџет. Проценката кажува дека околу 800 поранешни и сегашни носители на функции ги злоупотребуваат овие скандалозни измени на Кривичниот законик за ослободување од кривична одговорност“, се вели во соопштението на иицијативата „12:05“.