Поглаварот на ИВЗ, реисот Сулејман Реџепи, честитајќи го празникот Рамазан Бајрам рече дека „успешно се справувавме досега, а со одржувањето на овој намаз за Фитер Бајрам прогласувам и победа над вирусот“.

Им го честитам празникот на сите муслимани во земјава, рече Реџепи. На молитвата во 5:45 часот присуствуваа голем број верници, кои согласно мерките за заштита носеа заштитни маски.

Поглаварот беше на молитва во Мустафа – пашината џамија во Скопје.