Последната анкета на Маркет Вижн покажува дека премиерот Ковачевски и лидерот на ДУИ најмоќната партија во владата Али Ахмети немаат поголема доверба од граѓаните споредено со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Мицкоски сам има 12 проценти додека Ковачевски и Ахмети имаат исто толку но како збир (6,1 + 5,9).
Ова е прв случај во историјата на македонските анкети лидер на опозиција да има ист или поголем рејтинг од двете најголеми партии во владата.
И покрај обидот на СДСМ пред јавноста да прикаже дека на лидерската средба ВМРО-ДПМНЕ прифатило измени со цел да ја загуби довербата на гласачите последната анкета за популарноста на политичките партии направена по средбата Мицкоски – Ковачевски покажува раст на ВМРО-ДПМНЕ и пад на СДСМ.
На прашањето „за која партија ќе гласате на наредните избори“, најголем дел од определените граѓани својата поддршка ја дале за ВМРО-ДПМНЕ (22%), 11,5% од испитаниците рекле дека ќе гласаат за СДСМ, за ДУИ 9,2 отсто, за Левица 5 %, Алијанса за Албанците 3,5 отсто…, покажуваат резултатите на анкетата на МКД.мк спроведена од агенцијата Маркет Вижн од 5 до 16 јуни.
Анкетата покажува дека за околу сто дена разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се зголемила за најмалку 20 илјади гласа во корист на партијата на Христијан Мицкоски.
Споредено со февруарската анкета на Маркет Вижн, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст за нешто повеќе од еден процент, СДСМ пад за 0,9%, а популарноста на ДУИ, Левица и Беса расте…
Далеку над половина или 56,8% од испитаниците би излегле да гласаат доколку утре се одржат избори.
За прв пат во историјата збирот на процентите на популарноста на партиите на Албанците во Македонија (ДУИ, Алијанса за Албанците, Беса, Алтернатива и ДПА) е многу поголем од рејтингот на СДСМ (16:11).
Анкетирањето било спроведено од 5 до 16 јуни 2023 година со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници со ниво на статистичка грешка од 3% и интервал на доверба од 95%. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.
Трендот на анкетите за власта е многу лош.