Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ

РЕК Битола се соочува со нови проблеми. Блокот 1 е исклучен поради пукање на цевки во котелскиот дел! Тандемот Ковачевски, директно под палката на Заеви се дефинитивно шампиони, ама во негативна смисла на зборот. Најголемиот производител на електрична енергија повторно работи само со БЛОК 2 со половина снага. Ваквата ситуацијата е директен резултат на незнаење, нестручност, небрежност или пак намерно некој се труди да го уништи најголемиот државен производител. Рудниците се поплавени и оштетена е основната рударска опрема, односно оштетени се две од клучните багерски единици за ископ на јаглен, а целосно се уништени стотици метри од тракастите транспортери.

Го повикуваме Бислимоски да ги извади розовите наочари и да престане да живее во СДСМ универзумот . Да види дека за 4 години е преполовено домашното производство. Поради несовесниот пристап кон македонската енергетика, имаме вакво намалено производство кое резултира со зголемена цена на електрична енергија за граѓаните.
Целосната неспособност на оваа криминална власт во енергетскиот систем и справување со кризата во енергетиката придонесе граѓаните да плаќаат повиски сметки за струја, општините да тонат во долгови заради енормните сметки за струја и стопанството едвај да преживува заради големата цена на електрична енергија.
Хаотичното работење ја доведува во прашање и безбедноста на сите вработени како и на енергетските објекти кои се од витално значење. Неспособноста и некомпетентноста со поставување на партиски неискусни кадри, свирачи, рецепционери, автомеханичари и фризерки на раководни позиции во АД ЕСМ и РЕК Битола, се главна причина за ваквата катастрофална состојба на електроенергетските објекти.

Колкаво количество електрична енергија се увезува и по која цена ќе се плати истата, а сето тоа поради неспособноста на оваа власт е реалност од неколку милиони евра. Овој товар ќе падне на грбот на македонската економија и ѓраѓаните на Република Македонија.

Дали ваквото дилетанско, неодговорно, клептоманско и мафијашко управување со енергетските објекти е дел од планираното сценарио на СДСМ најавено како зелена енергетска стратегија и престанок на работа на РЕК Битола? Дали ова е само уште едно оправдување за тендерите во четири очи кои ги милува директорот на ЕСМ како што нотирал и Државниот ревизор?

Вакво неодговорно управување со енергетиката во Македонија предизвикува директно поскапување на електричната енергија за што СДС и ДУИ ќе мора да понесат одговорност!”