Македонија може да се соочи со епидемија предизвикана од загадена вода, предупредуваат здравствените власти во земјава, алармантно објавува ТВ АЛСАТ. Од Центарот за јавно здравје во Скопје со вознемирувачки податоци за квалитетот на водата во Вардар, Лепенец, Треска и Пчињa. Доктор Љупчо Костадиновски вели дека последните примероци покажале загадување од четврти и петти степен. Според него, од увидите на терен, забележани се остатоците од градежен материјал, угинати животни и разно ѓубре.

Резултатите се исти со години, а институциите не презмаат мерки за да го решат проблемот.

АЛСАТ контактираше и се обиде да добие одговор зошто чистењето на овие реки со години останува само препорака на здравствените власти без да се преземат конкретни мерки, но одговор не добивме од компанијата чија надлженост е управувањето со води.