Албанија е една од земјите со највисока стапка на апликации во програмата  Лотаријата на САД за иселенички визи (зелена карта), според бројот на населението.

Тоа го потврдуваат објавените бројки од страна на Стејт департментот, кои јасно зборуваат за прилично горчлива реалност која е во постојан раст, посебно последните четири години.

Нов рекорд на апкации е забележан минатата година, кога се пополнети 189.000 апликации за повеќе од 376.000 аспиранти за емиграција односно заедно со членовите од нивните семејства.

Најмалку 4.500 албански граѓани лани добиле виза, што е речиси двојно поголема бројка од претходната,2017 година, кога на американската лотарија позитивен одговор добиле 2.400 апликанти.

Според статистиката во 2015 година албанските граѓани пополниле 100.000 апликаци за околу 200.000 лица, во 2016 година бројот на аплкантите заедно со членовите на нивните семејства бил над 246.000 а следната, 2017 година, тој број пораснал на 367.000, додека лани е забележан нов рекорд или над 376.000 апликации.

Според пописот спроведен во октомври 2011 година Албанија има 2.891.977 жители. Од вкупната попишана популација, со постојано место на живеење во Албанија се 1.421.810 жители, додека другите се со престој во странство до една година. Споредено со податоците од пописот во 2001 година бројот на вкупната популација е помал за 7,7 отсто, како резултат на емиграцијата и намалениот наталитет.