Тота Писарска (80) ги поминува своите денови грижејќи се за нејзината градина насадена со зеленчук. Таа си полни кошница со краставици и пиперки. Има премногу за еден човек кој живее сам. Таа живее сама откако починал нејзиниот сопруг, а ќерка и се преселила во Германија со семејството пред неколку години. „Не ги обвинувам. Овде нема работа, нема услови за живеење за младо семејство“, вели таа.

Куќата на Писарска се наоѓа во Три Кладенци, месност со околу 500 жители на северозапад во Бугарија. Тој е најсиромашниот регион во земјата. Некогаш имаше процут благодарение на земјоделствотото во тој регион, но сега не остана ништо од тоа. На Писарска и недостига детската врева кои си играат во маалото.

-Порано имаше музика секоја недела, се грижевме за секое дете, имаше толку многу деца во селото“, раскажува таа со тага.

Регионот околу Три Кладенци е регион кој најбрзо се иселува во земјата, а Бугарија, пак, е државата во светот која најбрзо се намалува по бројот на населението.  Напуштените села се преполни со куќи што се распаѓаа. Секоја втора куќа е празна, а од нивните прозорци растат грмушки. Некои куќи се населени само преку лето кога сопствениците доаѓаат од странство на одмор.

Од почетокот на 1990, кога падна комунистичкиот режим во Бугарија и се отворија границите популацијата се намалува. За помалку од 30 години од повеќе од 9 милиони падна на 7,2 милиони. Доколку овој тренд продолжи, во 2050 година населението во Бугарија ќе се намали за уште два милиони.

Инаку, овој тренд се забележува во речиси сите поранешни држави од Источниот блок, вели економистот Јавор Алексиев.

-Последиците се катастрофални за пазарот на трудот. Нашата економија во моментов е со слаби резултати заради недостиг од работна сила. Ова се однесува и за неквалификувани и за квалфикувани работници, како и за тие што работат во агросекторот или во туризмот, кои можат да заработат многу повеќе доколку отидат во други земји на ЕУ, вели Алексиев.

Тој додава дека покрај фактот што многу Бугари си заминале од земјата, помалку деца се родени. „Комбинацијата на негативна стапка на новородени со висока емиграција е фатална“, истакнува Алексиев. Особено што земјата ја напуштаат млади, кои се во период кога основаат семејства.

Демографската криза продуцираше повеќе организации да се зафатат со нудење решенија за проблемот, а една е кампањата во која се вклучени познати јавни личности кои поттикнуваат на раѓање повеќе деца. Професорот Алексиев, пак, предлага побрзо решение на проблемот со фокусирање на мигрантите од Блискиот Исток и од Африка. „Ни требаат тие луѓе за да ја компензираме популацијата која се намалува“, вели тој.

Но, ова не е популарно во Бугарија, додава тој, наведувајќи дека десничарската влада е на антиимигрантски курс.

-Мигрантите овде не се добредојдени, вели вицепремиерот Валери Симеонов, лидерот на десничарскиот Патриотски фронт.

Тој неодамна беше осуден заради тоа што припадниците на заедницата на Ромите ги нарече „диви мајмуни“ во земјата.

Симеонов вели дека наместо работна сила од имигрантите, тие се насочиле кон соседните земји.

-Веќе вработивме 3.600 сезонски работници од Украина и од Молдавија кои работат во туризмот на морето. Тие ја спасија турстичката сезона-вели тој.

Иако вицепремиерот се надева дека во наредните години Бугарите ќе се враќаат во земјата, Алексиев не е убеден во такво нешто: Тоа е можно ако нашата економија се подобри и ако влдата преземе чекори кон претворање на Бугарија во место за живеење прилагодено за младите. А, не е само економијата причината Бугарите да ја напуштаат земјата. Длабоката корупција и непотизмот исто така се проблеми заради кои младите се решаваат кариерата и животот да го продолжат во странство“, истакнува тој.

 

Десет држави кои најбрзо се намалуваат

Држава         Население 2017         Население 2050

Бугарија          7.08                                    5.42

-23
Латвија            1.95                                    1.52 -22
Молдавија        4.05                                   3.2 -19
Украина             44.22                                 36.4 -18
Хрватска         4.19                                       3.46 -17
Литванија         2.89                                     2.41 -17
Романија          19.68                                     16.4 -17
Србија               8.709                                   7.45 -15
Полска               38.17                                    32.3 -15
Унгарија              9.72                                     8.2 -15