Грчката полиција е одговорна за десетиците мртви во катастрофалниот пожар од пред неколку дена во Мати каде загинаа повеќе од 90 лица, објавува во напис за несреќата британскиот јавен сервис ББЦ.

Во статијата се истакнува дека и покрај тоа што грчките власти негираат свои грешки, сепак, ББЦ вели дека„полицијата направила фатални грешки“, која, според сервисот, „ги пренасочувала возачите во правец на пожарот“.

ББЦ забележува дека во време на трагедијата немало објавено ниту еден формалем аларм за жителите на Мати, туку тие самите се известувале за состојбата со пожарите.

Една од највпечатливите слики кои ја изразуваат катастрофата беше таа со запалените автомобили во близина на брегот. Професорот Василис Дигалакас, од Униврзитетот во Крит, вели дека автомобилите бие погрешно пренасочувани од полицијата. Наместо тие да се насочуваат во правец на главниот пат, Авенијата Маратон, полицијата ги враќала во насока на југ и север, токму во зоните кои беа уништени од пожарот.

Според професорот, полицијата наместо да го блокира сообраќајот и да ги враќа назад, таа им дозволила да бараат алтернативни патишта, а единствен пат бил токму тој кој водел во жариштето на пожарот.