СДСМ е партија на многу проблеми, народот одамна го виде самоволието на Заев, сега го прочитаа и членовите на СДСМ, се истакнува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

– СДСМ е киднапирана партија. Зоран Заев ја држи СДСМ како заложник на своите криминални и бизнис интереси. Се однесува како да се работи за негова приватна фирма, па сам одлучува кого ќе исклучи, кого ќе кандидира. Вчерашната изјава дека допрва ќе одлучуваат телата и органите за исклучувањето на Максим Димитриевски, само покажува дека тоа кое што Заев го сака, партискитое органи само го исполнуваат, се вели во соопштението.

Дополнително скандалозно во изјавата на Заев, се додава во истото,  е дека тие за овие избори не кандидираат личности, туку негови послушници и пиони.

-Впрочем тоа го покажува и со кандидирањето на братучедот на Оливер Спасовски за Куманово и бизнис партнерот на Вице Заев за Битола. СДСМ веќе не е партија, туку маша на мафијата предводена од Заев. Зоран Заев станува проблем за самата партија, но и за Македонија. Ваквите чекори се само одраз на очајот се наоѓа Заев во пресрет на изборниот пораз. Колку повеќе ќе наближува поразот, толку повеќе ќе расте нервозата на Заев и на виделина ќе излезе целиот негов недемократски капацитет, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Револт поради ваквите потези во владејачкиот СДСМ се истакнува на социјалните мрежи. Деновиве, како што беше објавено во некои медиуми, незадоволството во Радовиш кулминирало со палење на партиското знаме и палење на членски книшки од членови на партијата. Незадоволство има и во други општини по објавите на кандидати за градоначалници за престојните избори.