Екипата на Вардар со трофеј во Супер купот на Македонија, официјално ја стартуваат новата сезона во мак-ракометот.
Во натпреварот одигран вечерва во Гевгелија, ракометарите на Вардар беа подобри од Охрид со 32-31.
За Вардар ова е петти пати да го крене трофејот во Супер купот (2017, 2018, 2019, 2023 и 2026).
Охрид во својот прв настап не успеа да им се приклучи на Еурофарм Пелистер кој го освои трофејот во три наврати (2021, 2022, 2025) и Алкалоид кој беше победник во 2024 година.
Чупиќ за првпат го победи Ројевиќ во новата сезона, по двата порази на подготвителните натпревари, или вкупно по три меча ако се земе предвид и последниот меѓусебен дуел од ланската сезона на Суперлигата.




