Сандра Булок го прослави својот 56. роденден. И, иако тоа беше еден вид „бал“ под маски за заштита од коронавирусот, сепак, обожавателите можеа да ги препознаат нејзините познати пријателки: глумиците Џенифер Анистон, Сара Полсон и Холанд Тејлор.

Сандра Булок и Џенифер Анистон се долгогодишни пријателки, а интересно е тоа дека се запознале преку глумецот Тејт Донован, со кого и двете, во 1990-тите, излегувале.

– Се чини, тој има посебен тип на жени со кои излегува – талентирани, интересни, прекрасни…, изјави Анистон во една прилика.

Пријателството на Булок и Анистон важи за едно од најцврстите и најпознатите во Холивуд.