Децата се сѐ повеќе зависни од интернетот, а во светот некаде почнаа да се отвораат и клиники за третман на зависност од повеќе допаѓања, следачи, внимание и слично.

Стручњаци од повеќе земји ги здружуваат силите во обид „да ги спасат“ новите генерации, но „волшебната формула“, се чини, сè уште не е откриена.

Но, правилото 3-6-9-12 можеби може да помогне, во таа смисла. Се работи за теорија на Кралскиот австралиски колеџ за педијатрија, која нуди четири совети за дигитално воспитание на децата денес. Тие велат:

– Нема употреба на компјутери и телефони до тригодишна возраст.

– Нема интернет до шестгодишна возраст.

– Забранети се видеоигри пред деветгодишна возраст.

– Нема социјални мрежи пред 12-годишна возраст.