По изрекување на пресудите за убиството на петтемина кај Смилковско, Езеро Бедри Ајдари, роднина на еден од обвинетите во случајот „Монструм” рече дека се незадоволни од пресудата.

Тој најави протест за в петок. Ајдари во изјава за медиумите пред судот рече дека тоа им е единствен начин за борба.

-Ова не е правна држава и нема правен систем. Најавувам протести и ги повикувам челниците на државата да протестираат како што ние протестиравме за правниот систем да се регулира. Тоа не се случи и барам од политичките партии кои го поддржуваат чинот, да се повлечат и да се дистанцираат од оваа одлука и тие да ни се придржат. Ќе протестираме во петок и ова е еден вид на војна. Тука сме и ќе се бориме, какви ни се средствата, така ќе дејствуваме, изјави Ајдари по изрекувањето на пресудата во Кривичниот суд во Скопје.

Според роднините на обвинетите „се работи за монтиран случај за кој не биле доставени доволно докази за да се открие вистинската причина за мотивот, но и за нарачателот и извршителите на убиството на  четирите петте лица кои ловеле риба на Смилковско Езеро во 2012 година.