Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека европските држави не ги исполнуваат своите обврски откако САД излегоа од нуклеарниот договор.

– Европејците не ја исполнија својата задача, истакна иранскиот претседател.

Рохани потврди дека Иран нема да започне разговори со САД сè додека Вашингтон не ги повлече санкциите кон Техеран, дополнувајќи дека секогаш ќе има негативен одговор на секоја понуда за билатерални разговори со САД.

– Никогаш не е донесена одлука за разговори со САД. Имаше многу понуди за разговори, но нашиот одговор секогаш ќе биде негативен, потенцира Рохани.

Неговата изјава доаѓа во момент додека ирански дипломати се во Франција на „разговори во последен момент“.