Милјардерот и сопственик на фудбалскиот клуб Челси е чест гостин во Хрватска, а овој пат реши да го посети Млет.

Тој во Млет пристигна во друштво на две дами и придружуван од обезбедувањето. Таму ќе престојува неколку дена.

Дека сака активен одмор потврдија и очевидци кои го сликаа додека веслаше на даска на потегот помеѓу Полаш и Помена.

Абрамович беше добро расположен. Моите деца му викаа – Роман, на што тој весело им мавташе”, вели еден Хрват за медиумите.

Хрватски медиуми пишуваат дека Абрамовиќ пристигнал во Млет пловејќи наизменично по две јахти: помалата Хало ја закотвил во Полаче, а поголемата Еклипсе во Помена. Интересно е што Еклипсе е втората по големина јахта во светот, вредна 1,2 милијарди долари.

Оваа јахта долга 165 метри може да прими 30 гости и 70 членови на екипажот. Има три хелиодроми, дискотека, блиндирани стакла, два базени, велнес центар и противракетен штит.

Абрамович сака јахти, тој поседува дури седум, а наскоро ќе заврши и изградбата на осмата суперјахта Соларис. Бродоградители од Бремен работеа напорно три години, а јахтата ќе има 48 кабини на осум палуби, базен, теретана, хелиодром и ресторани.