Романија, која е членка на ЕУ, како членка на НАТО, се соочува со најголемата криза на работна сила од 1990 година, а експертите тврдат дека тој дефицит е пострашен од финансиската криза во земјата, пишува денеска романскиот весник „Романија либера“.
Официјалните податоци покажуваат дека 3,5 милиони Романци заминале во странство со цел да го подобрат нивниот живот.
Голем број од работодавците кои во изминатите десет години им даваа на вработените најниски плати, сега се подготвени да платат многу повеќе, но немаат на кого, коментира весникот.
Експертите тврдат дека сегашната криза за работна сила е само почеток, а заминувањето на Романците во странство продолжува со алармантна брзина.
Истовремено, податоците покажуваат дека Романците кои работат во странство, испратиле во Романија околу 55 милијарди евра во текот на изминатата деценија.