Силно невреме ја погоди Истра денеска во попладневните часови, а на некои подрачја за кратко време падна толку дожд што предизвика буици кои течеа како река по патиштата.

Според последните информации од читатели на порталот Истранет, буицата кај одморалиштето Бачва го поплавила Истарски ипсилон каде сообраќајот беше блокиран, а повеќе возила заглавени во вода и кал од наносите.

Сообраќајницата Ипсилон е блокирана на потегот од Вишња до Бадерн, јавуваат читателите на порталот, кои регистрирале потопски глетки од буицата и калта, кои достигнале висина до заштитната ограда која ги раздвојува двете насоки од Ипсилон.

И Хрватски аутоклуб извести дека на овој потег сообраќајот е блокиран.

На некои места низ Истра паѓал и град.