Познати се некои детали од приказната со враќањето на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед. Клубот му понуди договор на 36-годишниот Португалец, откако со него разговарал поранешниот тренер Алекс Фергусон.
Легендарниот тренер го контактирал Роналдо вчера наутро, откако дознал за трансферот на фудбалерот во Манчестер сити. „Граѓаните“ беа единствените заинтересирани за трансфер на Кристијано, но во последен момент се вклучил во трката Јунајтед.
Според „The Athletic“, Фергусон одиграл важна улога во трансферот. Го повикал Роналдо и го искористил добриот однос со неговиот агент Жорж Мендеш.
Роналдо верува дека клубот влегува во нова ера на успех, и покрај тоа што нема освоено трофеј повеќе од четири години.
За потсетување, Роналдо веќе играше за Манчестер Јунајтед од 2003 до 2009 година. Оттаму се пресели во Реал Мадрид (2009-2018), а потоа во Јувентус.
Како дел од Манчестер јунајтед, Кристијано три пати го освои англискиот шампионат, двапати Лига Купот на Англија и еднаш Купот на земјата. Во 2008 година, Португалецот, заедно со Јунајтед, ја освои Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.