Системите за противвоздушна одбрана и алармите за предупредување за воздушни напади рано изутринава се активираа во рускиот град Белгород, соопштија локалните власти.

Во Белгород што се наоѓа во близина на границата со Украина се слушнале серија експлозии, а избувнал и пожар во складиште за муниција.

Белгородската област се граничи со Луганската, Сумиската и Харковската област во Украина.