Најмалку девет лица загинаа во експлозија во станбена зграда по која се урнаа неколку ката на Далечниот исток на Русија, изјави локалниот гувернер Валери Лимаренко.

Експлозијата се случи утринава во петкатница во селото Тимовоскоје на островот Сахалин, рече тој.

– Девет лица загинаа, меѓу кои и четири деца, изјави Лимаренко за руската телевизија „Русија 24“.

Според првите информации, се работи за експлозија на гас, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации и додаде дека на местото на несреќата се испратени околу 60 спасувачи за расчистување на урнатините.