Едно лице загина и едно е повредено при експлозија на плинска боца во најголемата пловна фабрика во Русија „Всеволод Сибирцев“, изјави генералниот директор на компанијата „Доброфлот“ Александер Ефремов.

– Еден маж, заварувач, почина. Уште една жена е повредена и пренесена в болница, истакна Ефремов.

Бродот „Всеволод Сибирцев“ е една од двете најголеми пловни фабрики во светот. Пловилото е долго 179 метри и има носивост од 26.000 тони.