Авиони на руското воено воздухопловство извршиле напади врз 60 воени цели во Украина, притоа уништувајќи два ракетни силоси со боеви глави за тактички проектили от типот „Точка-У“, како и три командни и контролни пунктови на украинските воени сили. Тоа денеска го соопшти генерал-мајор Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана.

– Оперативно-тактичката и армиската авијација на руското воено воздухопловство погоди 60 воени локации во Украина. Уништени се две тактички ракетни боеви глави „Точка – У“ во областите Червонаја Полјана и Балаклее, рече Конашенков.

Според него, погодени се и три контролни пунктови на украинските војници и 53 локации каде е забележано групирање непријателска жива воена сили и техника.

Покрај тоа, биле уништени и 13 утврдени позиции на единиците на украинските оружени сили.

– Во текот на ноќта со ракети со висока прецизност на на руските воздухопловни уништија 13 бази на украинските вооружени сили, како и места за концентрација на непријателска жива сила и воена опрема во населбите Славјанск, Барвенково и Попасна. рече Конашенков.

Тој додаде дека со ракетни проектили и со напади на артилерија се гаѓани 1.260 воени позиции на украинските вооружени сили.