Руски воени транспортни авиони евакуирале повеќе од 2.000 руски и странски државјани од Казахстан, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Од Казахстан во Русија се донесени вкупно 2.241 лице, се вели во соопштението.

Поради настаните во Казахстан и затворањето на меѓународниот аеродром во Алмати, странците кои престојуваа таму не можеа сами да ја напуштат земјата. Тие апелираа до раководството на рускиот контингент мировници за помош и транспортирање во Русија.