Москва ќе разгледа реципрочни мерки како одговор на новите антируски санкции на Вашингтон во зависност од тоа какви ќе бидат, изјави денеска советникот во Кремљ, Јуриј Ушаков.

Тој оцени дека засега нема изгледи за подобри односи со САД.

– Според мое мислење, работите се доволно лоши и изгледи за подобри односи, не може да се очекуваат. Ќе видиме какви ќе бидат санкциите и потоа ќе одлучиме како да одговориме, изјави тој.