Русија денеска успешно ја тестираше хиперсоничната крстосувачка ракета Циркон.
Ракетата е ланисирана од фрегатата Адмирал Горшков, воен брод стациониран во Бело Море. Проектилот Циркон леташе со брзина седумпати поголема од звукот и погоди цел на 350 километри на брегот на Баренцово Море.
– Тактичките и техничките карактеристики на Цирконот се потврдени со оваа тестирање, соопшти руското Министерство за одбрана.
Русија планира со ракетата Циркон да ги опреми сите подморници и воени бродови.
Путин уште во 2018 година најави спектар на ново хиперсонично оружје, а следната година се закани дека ќе распореди хиперсонични проектили на бродовите и подморниците, за да бидат подготвени да дејствуваат во случај САД да распоредат нуклеарно оружје со среден дострел во Европа.