Руски хеликоптер Ми-8 со екипа геолози денеска исчезна од радарите во Иркутск, соопшти регионалната воздухопловна агенција.

Руската федерална агенција за сообраќај соопшти дека во тек е потрага по хеликоптерот, а Канцеларијата на јавниот обвинител наведе дека е покрената истрага.

Хеликоптерот Ми-8, во сопственост на компанијата Ангара ерлајнс полетал во 11 часот по локално време од градот Уст-Кут и набрзо исчезнал од радарите.

Со леталото се превезувале три лица.