Во денешниот бомбашки напад на муслиманските екстремисти во филипинскиот град Исулан загина најмалку едно лице, а 15 се повредени.

Напаѓачот активирал рачно изработената бомба во близина на интернет кафуле.

– Привремено го блокиравме Исулан. Не сакаме осомничените да побегнат. Веруваме дека се уште се во градот, изјави регионалниот воен командант бригадниот генерал Кирилито Собејан.

Тој додаде дека тројца од повредените се во тешка здравствена состојба.

Пред неколку дена во Исулан во бомбашки напад загинаа три лица, а 35 беа повредени.