Рускиот тенисер Данил Медведев се искачи на првото место на најновата АТП ранг-листа. Дваесет и шестгодишникот Медведев го престигна Србинот Новак Ѓоковиќ, кој падна на третото место. Втор е Германецот Александар Зверев.
Топ 10 тенисери во светот на ранг-листата на АТП:
1. Данил Медведев (Русија) – 7 950 поени
2. Александар Зверев (Германија) – 7 075
3. Новак Ѓоковиќ (Србија) – 6 770
4. Рафаел Надал (Шпанија) – 6 525
5. Каспер Руд (Норвешка) – 5 050
6. Стефанос Циципас (Грција) – 4 945
7. Карлос Алкарас (Шпанија) – 4 893
8. Андреј Рубљов (Русија) – 4 125
9. Феликс Оже-Алиасиме (Канада) – 3 895
10. Матео Беретини (Италија) – 3 570.