РУСИТЕ НЕ СЕ ДОБРИ… СЕ ДОДЕКА НЕ ГИ ПОТКУПАТ: Саркози добива три милиони долари како советник на руска компанија!

/ 15.01.2021

ПНФ за Франс Прес потврдило дека започнале истрага за злоупотреба на службената положба, но и за криминал и прекршоци.

Порталот Медиапарт известува дека антикорупцискиот суд се занимава со ова од летото 2020 година, по извештајот на финансиската разузнавачка служба Тракфин дека Саркози бил платен од руската осигурителна компанија Reso Garantia контролирана од двајца руски милијардери Сергеј и Николај Саркисов.

„Судот се обидува да провери дали поранешниот шеф на државата се однесувал како советник, што би било совршено легално или се занимава со потенцијално криминално лобирање во име на руските олигарси“, пишува порталот.

Договорот склучен во 2019 година опфаќа неколку години и изнесува три милиони евра. Никола Саркози веќе на почетокот на 2020 година добил исплата од 500.000 според тој договор, додава Медијапарт.

Reso Garantia, основана во 1991 година, е една од главните осигурителни компании во Русија, специјализирана за автомобилско осигурување со повеќе од 34.000 агенти и 11 милиони клиенти.

Во 2007 година, француската осигурителна компанија АХА склучила договор со акционерите на Reso Garantia за купување на удел од 36,7 проценти во таа компанија за околу 810 милиони евра.

Медиапарт известува дека AXA е важен клиент на адвокатската канцеларија Realyze, која е основана во 1987 година од Никола Саркози со партнерите.


Од истата категорија