Руската државна Дума по трето последно читање го усвои Законот за контрасанкции против САД и други земји, кои се оквалификувани како непријателски.

Со Законот, Руската Владата, по одлука на претседателот, добива право да воведе различни контрамерки, кои во исто време не треба да важат за стоки од  витално значење, кои не се произведуваат во Русија и други земји. 

Одлуката за воведување на мерките може да биде одобрена од претседателот, по предлог на Советот за безбедност на Русија. Во случај на престанок на околностите кои биле причина за воведување на контрасанкциите, Владата може да ги укине соодветните мерки.

Во образложението стои дека целата на Законот е „заштита на интересите и безбедноста на Русија, на нејзиот суверенитет и територијална целост, на правата и слободите на граѓаните на Руската Федерација од непријателски активности на САД и други држави.

Според авторите на Законот, воведувањето „политички или економски санкции кон Руската Федерација, руски државјани или руски правни лица и спроведувањето на други активности, претставува закана за територијалниот интегритет на Русија и се насочени кон економска и политичка дестабилизација на Руската Федерација“.