Така наречениот руски амбасадор во самопрогласената Народна Република Луганск, Родион Мирошник на Телеграм објави две видео-снимки на кои се гледаат експлозии во близина на селото Новофедоривка.

Сè уште не е познато дали има жртви.

Според очевидците неколку силни експлозии се слушнале од правецот на руската воена база во Новофедоривка, лоцирана во западниот дел од анектираниот украински полуостров Крим.

Според нив се слушнале најмалку 12 експлозии со различен интензитет.

Селото Новофедоривка е на околу 200 километри од бојното поле. Тоа значи дека, доколку експлозиите се резултат на напад на украинските сили, кои се опремија со оружје со значително поголем дострел од претходно.