Руската вакцина против Ковид-19, Спутник-V, предизвикала создавање на антитела кај сите учесници на раните фази на клиничкото испитување, покажале резултатите од испитувањето, објавени денеска во медицинското списание The Lancet, , а Москва го поздрави, пренесува ТВ Н1.

Резултатите на двете испитувања, спроведени во јуни и во јули годинава на вкупно 76 учесници, покажале дека 100 отсто од учесниците развиле антитела на новиот коронавирус и дека немале сериозни нуспојави, се вели во списнието.

Русија ја регистрираше вакцината во две фази за домашна употреба во август, прва во светот и тоа пред да бидат објавени било какви податоци за неа и тред почетокот на масовното испитување.

-Две испитувања во траење од 42 дена, кои опфатиле 38 здрави возрасни испитаници, не покажале никакви сериозни штетни последици меѓу учесниците, и потврдиле дека кандидатите за вакцина предизвикале создавање на антитела, наведува The Lancet.

Масовните долготрајни испитувања вклучувајќи ја споредбата со плацебо групата, и натамошни следења се попотребни за да се утврди долгорочната сигурност и делотворност на вакцината за спречување на заразата од Ковид-19 – се вели во списанието.

– Со ова одговараме на сите прашања на Западот кои уредно беа поставени во изминативе три недели, искрено, со цел да се фрли дамка на руската вакцина – изјавил Кирил Дмитриев, директор на рускиот фонд кој го финансирал развојот на вакцината.

– Сега ние ќе почнеме да поставуваме прашања за некои вакцини од Запад:

Првите резултати од масовното испитување на руската вакцина, кое почнало минатата недела, се очекуваат во октомври или во ноември. Ќе опфати 40.000 луѓе, а веќе се јавиле 3.000.

Коментирајќи ги резултатите од првите испитувања, главниот автор на списанието Наор Бар-Зеев, од Меѓународниот центар за пристап на вакцини при Блумберговата школа за јавно здравје на Универзитетот Џонс Хопкинс, изјавил дека испитувањата се охрабрувачки, но мали.

Бар-Зеев истакнал дека се уште не е докажана клиничката ефикасност на ниедна вакцина против ковид-19.