Владимир Угљов денес е пензиониран хемичар кој во својата 73 година мирно живее на брегот на Црното Море. Тој е еден од двајцата научници кои во 1970-тите во тајна лабораторија на СССР ја синтетизирале дотогаш најотровната супстанца на светот – отровот „новичок“. Српската „Н1“ ја пренесува неговата исповед дадена за германски медиум.

Кога во 2018 година беше отруен бившиот двоен агент Сергеј Скрипал и веројатно како колатерална штета и неговата ќерка Јулија, името „новичок“ се најде на насловните страници на светските медиуми. И се задржа долго време.

Причината за тоа е што стануваше збор за прва употреба на нервен боев отров по Втората светска војна во Западна Европа.

Сега, откако германските медицински стручњаци во телото на рускиот опозиционен лидер Алексеј Навални открија трагови од „новичок“, приказната се повторува. Во 2020 година „новичок“ повторно е во центарот на вниманието, на светско ниво, откако руските лекари со крајни напори го спасија Навални, а неговото лекување го продолжија германски лекари, пренесува Н1.

Има и такви кои во сета збрка се сетиле на човекот кој се јавува како автор на овој, до неодамна, најсилен отров на светот. До него, овој пат дошле новинарите на Der Spiegel.

Кристина Хебел и Александар Чернишев пишуваат дека Валдимир Угљов долго не се јавувал ан телефон, но кога се јавил, веднаш почнал да зборува без да го чека прашањето:

„Му благодарам на Бога што Германците успеале да потврдат што е во телото на Александар Навални“, рекол.

„Новичок“ е хемиски спој на што Угљов и неговиот постар колега Пјотр Кирпичов работеле 15 години…
„Планот беше да се развие боен отров што ќе го онеспособи непријателот за борба во рок од 10 минути. Непријателот би можел и да преживее, но би бил неспособен за борба. Ни дадоа задача да направиме да делува за 10 минути. Успеавме да постигнеме да делува за пет до шест минути“, изјавил Угљов.
Во тоа време, тој живеел во гратчето Шикани, на брегот на Волга, во близина на границата со Казахстан, а гратчето се до 1997 година било затворено и го немало дури ни на картите поради хемискиот воено истражувачки центар.
„Влезот во градот беше под строг надзор. Не можеше да се влезе пешки. Во лабораторијата мене ме носеа директно со автмобил“, рекол Угљов.
Во 1987 година, со „новичок“ случајно се отрул и еден од тие кои работеле со отровот – Андреј Железњаков. Му требале 10 дена за да се разбуди со помош на најдобрата медицина со која СССР тогаш располагал. Биле потребни три месеци за повторно да прооди, но никогаш не се опоравил од хроничната слабост во рацете и токсичниот хепатитис кој довел до цироза, пренесува Н1.
Имал епилепсија, пател од тешка депресија, не можел да чита и да се концентрира. Со тотално уништено здравје, умрел пет години подоцна…
Во 1995 година еден од колегите на Угљов, успеал да прокриумчари од отровот и да го продаде на „мафијата“. Русија подоцна му судела за предавство. Како купавачи се јавиле одредени чеченски кругови. Понуда добил и Угљов:
„Еднаш ми понудија 5 000 долари. Веднаш пријавив во КГБ. Всушност, мислев дека само ме проверуваат“, изјавил Угљов.
Тој објаснил и како отровот делува:
„Супстанцата блокира еден ензим кој доведува до засилување на пулсот, постојано и се побрзо и не се сопира. Телото се тресе без престан, мускулите постојано се мрдаат. На крајта ќе се потроши сета енергија во клетките и човекот умира мошне бргу“.
За Скрипал вели дека, кога слушнал, помислил дека станува збор за уште една жртва која и не мора да има врска со него бидејќи не било докажано дека е во прашање „новичок“.
Неговата реакција сега била поинаква, истакнува Н1.